Спречен терористички напад во Германија


Двајца салафисти се осомничени за обид за терористички напад на железничката станица во Бон, откако двајца студенти претходно ги идентификувале во полициска станица како лица кои поставиле бомба на наведената станица. Според полициските информации, станува збор за двајца исламисти за кои е распишана меѓународна потерница и кои и претходно имале обиди за терористички напади.

Како што пишуваат медиумите, бомбара на железничката постојка била поставена вчера во сина вреќа, на видливо место во чекалницата. Пиротехничарите утврдиле дека станува збор за многу опасен експлозив кој би убил голем број луѓе и би нанел голема материјална штета доколку истиот би бил активиран.

Откако била добиена пријава за бомба, целата постојка била евакуирана, а железничкиот сообраќај пренасочен и запрен.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1