Спремете се – не очекува снег низ цела Македонија


Времето во Македонија ќе биде облачно и студено. Се очекуваат повремени врнежи претежно од снег.

snegВрнежите ќе бидат повеќе застапени во попладневните и вечерните часови и тоа во северните и западните предели.

Во источните и југоисточните предели на пониските места се очекува врнежите да бидат од дожд и снег, па кон крајот на денот и таму да поминуваат во снег.

На планините ќе се зголемува снежната покривка, на останатите повисоки места ќе се формира. На пониските места исто така е можно формирање на снежна покривка, особено во вечерните часови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од минус 3 до 5 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1