Спасот од крајот на светот кој според пророштвото на Маите ќе се случи за помалку од десет дена, би можел да биде на планината Ртањ во Србија.
Имено оваа планина во моментот кога ќе настане крајот на светот, би требала да емитува силна енергија која ќе заштити се што е во нејзина близина. Според прикаските на оние кои што веруваат во крајот на светот, во планината се наоѓа пирамида која наводно ја направиле вонземјаните и ја оставиле во тој реон пред ијадници години. Таа во моментот на крај на светот, ќе емитува силна енергија која од пропаста ќе сочува се она што се наоѓа во нејзина близина.
Вистина или не, оваа информација предизвика големо внимание, па сите оние кои што веруваат во ваквите стории, веќе резервирале место во пирамидата.
За само еден ден повеќе од 500 гости се обиделе да изнајмат хотелска соба. Сите сакаат да го донесат своето семејство, сите членови“, изјавил Обрад Блечиќ, управник на еден од хотелите.
Уште во далечното минато, се верувало дека оваа планина поседува мистична моќ, а според легендите, во дворецот кој се наоѓал на врвот на планината, живеел волшебник кој што чувал огромно богатство. На местото на дворецот своевремено била изградена капела, но ниту таа не ги преживеала нападите на ловците по богатство.