Србија – хит дестинација за ефтина промена на полот


 

Весникот Њујорк Тајмс ја означи Србија како светски центар за операции за промена на полот. Според нив 15 пациенти годишно од цел свет доаѓаат во Србија да се подложат на оваа операција, а вкупно се прават 100 операции годишно.

Зафатот чини од 2.000 до 7.000 евра, а сврстена е во топ дестинација поради брзината – го менуваат полот за само една – 6 часовна операција.

Момче од Украина кое дошло во Србија да се распраша за оваа операција им дал изјава на српските медиуми.

,, Со години се чуствувам како жена, слушнав од луѓе кои ги знам дека сте најдобри и најбрзи. Една моја пријателка го промени полот во Белград, јас сум малку скептична па дојдов да си прашам од прва рака бидејќи ја знам историјата на овие простори. Сега сум сигурна и веќе аплицирав – се надевам дека за 6 часа ќе сум тоа што сум – Жена,, изјавило момчето

Во регионот нема многу лекари кои се нафаќаат на овој зафат. Во Србија од ова направиле вистински бизнис и сега се и по цена и по брзина едни од најконкурентните во Европа.
Др Душан Станојевиќ кој е пионер во овие операции во Србија за Њујорк Тајмс изјавил дека трансексуалноста била голем табу во екс Југославија до толку што и не се споменувала во учебниците се додека 1989 др Сава Перовиќ не ја извршил првата операција.

,, Кај нас оваа операција се изведува од еднаш со тотална анестезија и трае 6 часа. Тоа ги поштедува пациентите од траумата да доаѓаат на неколку операции, а по тоа сме едни од ретките центри во светот,, вели Станојевиќ.
Целата процедура се состои во прво отстранување на полниот орган (внатрешен и надворешен) и реконструкција во нов полен орган.

Досега во Србија имало пациенти од Франција, Русија, Иран, САД, Јужна Африка, Сингапур и Австралија. А за операција за промена на полот во Србија се распрашувала и ќерката на познатата пеачка Шер – Чаз Боно.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1