И официјално – Србија ја укинува претплатата за РТС
И додека македонските граѓани мораат да плаќаат месечна претплата за радиодифузна такса од 190 денари, (кај некои семејства на иста адреса доаѓале повеќе сметки за секој возрасен поединец, нешто за кое подоцна МРТВ се извини, и го корегираше ваквиот потег, но вие изгубивте драгоцено време по шалтерите), во Србија месечната претплата за Радио-телевизијата е суспендирана. МРТВ засега не ги оправда 190 денари од секое домаќинство со понудената програма, но ни на крај памет не им паѓа да го следат примерот од нашиот северен сосед, каде што јавниот сервис во текот на следните три години ќе премине на финансирање од републиканскиот буџет.
Откако неодамна се постави предлогот да претплатата за РТС се наплатува преку данок на имот, потпретседателот на Владата на Србија и претседателот на СНС Александар Вучиќ, одлучи да јавниот сервис на Србија во наредните три години се финансира исклучиво од буџетот. Вучуќ ги информираше оние кои се вклучени во пишувањето на законот за електронските медиуми за укинувањето на претплатата и дека не треба да се воведат нови давачки на граѓаните, а јавниот сервис финансиран од буџетот ќе биде подобро решение.
По донесувањето на одлуката да јавниот сервис се финансира од буџетот, останува да се реши прашањето за тоа како тие ќе ја гарантираат независноста на уредувачката политика на РТС и РТВ. Против овој предол е Републичката радиодифузна агенција (RRA), но и генералниот директор на RTS Александар Тијаниќ, кој неодамна изјави дека најдобро е да јавниот сервис во наредните години делумно биде финансиран од буџетот. Претходно беше најавено дека нацрт законот за електронските медиуми до крајот на април би требало да биде доставен до Владата на Србија.
Во експертската медиумска јавност, постои мислење, да по три години, буџетското финансирање, тешко ќе може да се врати на систем на претплата или друг вид на наплаќање.
Медиумите во SNS на почетокот на март им беше пренесено дека лидерот на прогресивците Александар Вучиќ е против предлогот да претплатата за RTS се наплаќа од уплатниците за плаќање на данок, по што Министерството за култура се откажа од ваквата идеја. Човек не треба да заборави дека доколку се отстрани претплатата, на тој начин ќе се исполни и ветувањето на партијата Напредна Странка, чии претставници во изборната кампања највија дека тоа ќе го направат кога ќе дојдат на власт.