Двајца службеници на српската амбасада во Либија се киднапирани. Слаѓана Станковиќ, која била лице за комуникации и возачот Јовица Степиќ.
На колоната возила во која била и амбасадорот на Србија Оливер Потежица и двајцата киднапирани службеници, отворен е оган. Тие биле во одвоени автомобили, од кои тој со службениците е киднапиран. Амбасадоро Потежица бил во другиот автомобил и во текот на нападатот не е повреден,
За инцидентот се информирани безбедносните служби на Србија и Либија.
Министерот за надворешни Ивица Дачиќ за РТС изјавил дека на пат кон Тунис дошло до препречување на колоната и биле испукани неколку куршуми, а еден либијски државјанин е погоден во ногата.
Засега нема информации кои се киднаперите. Никој не се јавил да побара нешто за возврат.