Денес температурен шок – еве какво ќе биде времето


Стабилно, сончево и суво време е прогнозата за денеска и за наредните три дена. Времето денеска во Македонија ќе биде сончево. Во Македонија дневната температура ќе го достигне 20 степен, што е далеку потопло за ралика од изминатите денови. Поради што осетливите на временските разлики може да имаат одредени тегоби.

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 15 до 22 Целзиусови степени.

Денот ќе биде релативно топол. Највисоката вредност на температурата ќе достигне вредности околу 22°С, но само во пошироката гевгелиска околина. Останатите котлини очекуваат максимална температура околу 17°С.

Скопската котлина очекува претежно ведро време со мала облачност. Минималната температура ќе има вредност околу 0°С,а дневниот максимум до 17°С.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1