Не се знае кој ги киднапира српските дипломати во Либија


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека не се знае кој стои зад киднапирањето на српските државјани во Либија, јави Танјуг.

– На патот кон Тунис дошло до пресретнување на колона во која бил и амбасадорот, а во друго возило двајцата вработени во амбасадата. Според извештаите бил отворен оган, а еден либиски државјанин е погоден во нога, изјави српскиот министер за РТС.ivica-dacic-1344625936-196563

Според Дачиќ состојбата во Либија е нестабилна и моментално има една влада во Бенгази и една во Триполи. – Одделни делови на земјата се под различна контрола, истакна тој.

Српскиот министер за надворешни работи нагласи дека разговарал со либискиот колега, како и дека за настанот се информирани безбедносните служби.

– Немаме информации кои се киднаперите. Никој не се јавил да бара нешто. Формиран е кризен штаб кој работи на решавање на вонредната ситуација, за тоа е информиран и премиерот, така што цела држава е ангажирана, истакна Дачиќ

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1