Србија: Неопходни се 3 или 4 деца во семејствата


Горан Пенев демограф од Иститутот за опшетствени науки оценува дека на Србија и претстои тешка демографска иднина и дека во Централна Србија и Војводина според неговите проценки, до 2060 година населението ќе се намали за еден милион.

Државата може да ја смени демографската иднина на Србите така што ќе овозможи поволни улови за живот на младите, а за да се создадат поволни услови потребно е намалување на стапката на невработеност.bebe555

Како што оценува на Србија и е неопходна долгорочна и озбилна популациона политика и подобрување на економската состојба.

Според неговите зборови, поголемиот број на вработени жени кои се во репродуктивниот период не се одлучуваат да раѓаат, поради страв дека ќе ја изгубаат својата работа.

„Мајката нема да добие отказ кога ќе се врати од породилно, бидејќи тоа не е во согласност со законот, туку работодавецот нема да и го продолжи договорот„, нагаласува Пенев.

Тој додава дека населението во Србија е старо што е последица од долгогодишното намалување на бројот на родени.

„За подобрување на демографската иднина неопходно е во семејставата во Србија да се раѓаат три до четири деца. Ако на почетоккот на педесеттите години во Србија се раѓаа околу 160 илјади деца, денска годишно се раѓаат помалку од 65 илјади деца“ вели Пенев.

Тој додава дека во Србија жените кон средината на минатиот век раѓале повеќе од три деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1