Србија официјално ги почна преговорите со ЕУ


Ова е историски ден и за Србија и за ЕУ – честитам, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

zastava-eu-srbija-1332842168-139496Тој, по завршувањето на првата меѓувладина конференција на Србија и ЕУ, истакна дека почетокот на преговорите е заслужено признание за напорите и храбрите потези на раководството во земјата.

– Клучна беше решителноста на српските власти да ги прифатат реформите во текот на годините и храбриот труд во претходните месеци со цел да се нормализираат односите со Приштина, нагласи Филе на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Ивица Дачиќ, вицепремиерот Александар Вучиќ и шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, чија земја моментално претседава со ЕУ.

– Денеска го направивме првиот важен чекор на највисоко политичко ниво и започнавме разговори за поглавјата кои следуваат, објасни еврокомесарот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1