Србија во страв: Торнадо во понеделник доволно силно да руши кровови од куќи


Експертите предупредуваат дека во понеделник, над Србија ќе се развијат мини циклони, кои се доволно силни, во себе да вовлечат кровови и дрвја, пишува српски „Телеграф“

tornado2-Дававме предупредувања и за поплавите, и на крајот станаа вистина. Тоа што сега не очекува не се вистински торнада како во САД, но се мини циклони, кои вовлекуваат во себе предмети, кровови, слично како и кај торнадата, но не со таа јачина и брзина. Не се ниту први, ниту последни, а прогноза може да се даде само краткорочно, објаснува прогностичарот од Републичкиот метеоролошки завод на Србија, Драган Џуриќ.

Како што вели тој, воздушните вртлози над овој регион наликуваат на труба, или сурла на слон, која се спушта од долните делови на облаците до земјата и при тоа, многу брзо се врти.

Во последните 30 години, Српската метеоролошка служба, регистрирала околу четири вакви силни удари, а експертите предупредуваат дека поради климатските промени, истите ќе зачестат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1