Србин ја надмури банката – зел 5.000 евра кредит, вратил 4.000 евра


Додека една од поударните вести е порастот на швајцарскиот франк, и кога сите што зеле кредит во таа валута по цели денови сметаат и пресметуваат колку ќе им порасне ратата, има и такви што на легален начин успеаја да ги надмудрат банките.

„И меѓу кредитоспосбните граѓани постојат такви што се поспособни и такви што се едвај способни. Во која група спаѓам, сфатив кога стигна третата рата. Тоа беше пред седум години, а неколку месеци пред тоа дилемата дали да земам кредит во евра или во динари, ја пресеков многу едноставно.

Морав во динари затоа што така не бараа депозит, кој и така го немав.

Нели, што би земал кредит кога веќе имам евра под душек. Но, од друга страна, за кредит во динари каматата беше двојно поголема, но долгот на кредитната картичка што банката итро и подмолно ми ја тупна и со тоа ме стави во должничко ропство, од околу 150.000 динари (околу 1.230 евра), ме мачеше две години. Никако не успевав да го намалам минусот, а само ја отплаќав каматата на главнината. И тоа ќе одеше во недоглед да не ми светнеше една идеја – со помош на кредит да си го симнам јажето од врат. Ратата ќе ми биде колку и месечната камата до сега, а за три години ќе се извлечам од минусот.

Банкарката ме убедуваше дека е подобро да се задолжам со евроклаузула, но останав упорен да пробам во динари. Зедов заем за да го вратам долгот и да ми се најде некоја пара за црни денови. Со динарите што ми ги исплати банката можев да купам околу 5.000 евра. Ја затворив дупката на картичката и, секако, купив бели евра за црни денови.

Тој трети месец динарската рата веќе не ми беше еквивалентна на стоката и веќе беше 85 евра. Како и да е, педантно бележев колкава би ми била секоја наредна рата во евра и сфатив дека сум поспособен одошто мислев. Сума сумарум, да не давам, банката ми даде 5.000 евра, а јас ѝ вратив нешто малку повеќе од 4.000. Преведено, од падот на динарот, место банката, ќар имав јас.

Со давање кредити со девизна клаузула банките имаат екстра профит. Продавајќи им пари на клиентите како стока, заработувачката на банките секаде во светот би требало да биде искажана во камати. Кај нас дополнителна, и тоа голема заработувачка банките стекнуваат и на курсните разлики. Сето тоа завиткано во убава и малку неразбирлива форма, со разни либори, еурибори, номинални, есконтни, интеркаларни камати, па трошоци за одржување на кредитот, на тековната сметка, па провизии за одобрување, па меници…

Значи, колку покомплицирано, толку подобро за банката, а полошо за клиентите.

Се зафатив со проста математика, по обратен редослед, ги множев сите рати со периодот на отплата, ги споредував коефициентите или просто еечено колку сум зел и колку треба да вратам. И тогаш сфатив дека постои ранг-листа на банки, од оние кои за динар бараат 1,40 до оние кои ладнокрвно за динар грабаат цели 1,80.

И што сторив за да ги прејдам: Отворив тековни сметки во три банки и подигнав готовински кредити во динари сѐ до лимитот од половина плата, купував евра на улица и ги ставав во банка на орочено штедење, па и тука ми капна некое евро. Дури во една од тие банки го рефинансирав сопствениот кредит, зашто условите станаа поповолни, во превод, ја намалив ратата, а добив и малку кеш во динари.

За да не сум осамен, им го раскажав планот на некои пријатели, па и тие го стприја истото, а еве ви го раскажувам и вам. Тие не се покајаа. Им ги дрпнавме на банките така курсните разлики играјќи на процена на емпириско-здраворазумски сознанија дека динарот ќе паша. Кога почна сето тоа, еврото вредеше околу 72 динари, а денес е 122. Толку.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1