Србинка со бугарски документи сакала да полета кон Базел со муниција во куфер – тврди и подметнале


Вчера во 12,00 часот на Граничниот премин -Аеродром „Александар Велики“- Скопје, на излез од Република Македонија со воздухопловот на авио компанијата „WIZZ-AIR“ за Базел, се пријавила С.М. (1991) од Република Србија, а живее во Бугарија, со бугарска лична карта.

При извршена пасошка контрола од страна на аеродромската служба, во рачниот багаж на лицето пронајдени се две парчиња муниција со калибар 7,62мм.

По извршениот разговорот со лицето, истата изјавила дека не знаела за куршумите, односно се сомнева дека некој намерно и ги ставил во торбата.

По направена консултација со надлежниот началник двете парчиња муниција калибар 7,62мм со потврда за одземени предмети се одземени, а на лицето не му е дозволен излез од Република Македонија и е приведено во полициска станица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1