Србите молат: Спасете не, не можеме сами да побегнеме од Либија!


Поради конфликтите стопиран е протокот на парични средства, па немаат од каде да подигнат пари за да си платат такси до аеродром, автобус или пак авионски билет..

libiijaСрбите кои работат во Либија останале заробени тука. Не можат да ја напуштат земјата додека беснеат крвави битки помеѓу спротиставените исламистички фракции бидејќи поради конфликтите стопиран е протокот на парични средства, па немаат од каде да подигнат пари за да си платат такси до аеродром, автобус или пак авионски билет.

Очајни – Србинката која работи во главниот либиски град Триполи како медицинска сестра повторно се јавила во Kurir.rs и изјавила дека тие се очајни бидејќи слушнале дека другите земји си ги евакуираат своите луѓе од Либија, а Србија не презема ништо.

“Слушнавме и дека Хрватите си одат.Сите тие се држат заедно, како и Французите и Филипинците и Индијците… Само ние не. Разочарани сме. Ни препорачаа да си заминеме од овде, но како?”, прашува Србинката и додава дека Српската амбасада во Триполи може да им помогне на луѓето со резервација на авионски билети за назад и издавање на патни налози, доколку некој нема пасош, но оние кои немаат пари, нема начин како би се вратиле.

libija2“Моментално сум во тешка финансиска ситуација бидејќи не можам да подигнам пари од банкомат. Во земјата поради конфликтите не работи ниту една либиска институција. Слушнав дека некои наши луѓе тргнале на своја рака преку Тунис и дека во Србија ќе се вратат со траект преку Малта, што претпоставувам, го обезбедила Романија”, истакнува таа.

Според нејзините зборови таа е моментално на безбедно бидејќи во тој крај на Триполи е помирно, но ситуацијата генерално е опасна, поради што народот се плаши да излезе на улица.

“Се’ е празно само од време на време одекнуваат експлозии. Не е безбедно. Излегувам само кога одам на работа и тоа во придружба на Либијци. Струја снемува на 10 часа, пред некој ден немавме струја 19 часа. Снемува и вода, а особено е страшно бидејќи владее недостиг на гориво, па било каков транспорт е отежнат”, изјавува Србинката од Либија.

Нови жртви – Инаку светот го обиколија вестите за новите драматични конфликти во африканската земја, најкрвавите уште од 2011-та од соборувањето на диктаторот Моамер Гадафи. Во нив само од саботата во Бенгази, вториот град по големина во Либија, животот го изгубиле 60 луѓе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1