Советот за радиодифузија ја прифати промената на сопственичката структура на “Канал 5” телевизија, нов сопственик е Вања Гавриловски, а радијата “Канал 77” и “Класик ФМ” не доставиле соодветна промена на сопственоста и СРД иницираше постапка за одземање на дозволата за работа.
Скопското радио “Класик ФМ”, има сопствениците кои се во роднинска врска со амбасадорот во НАТО Мартин Треневски. А радиото “Канал 77”, сопственикот Горан Гаврилов го префрлил на неговиот син Виктор Гаврилов што, според Советот, не значи усогласување со членот 11 од Законот за радиодифузија.
Гаврилов е брат на Билјана Казанџиска пратеник во Собранието, и затоа мора да ја промени сопственоста.
на овие две радија им е даден рок од 15 дена да го сменат сопственикот, по што дозволите ќе им се одземат.