Приватната електронска пошта на директорот на ЦИА Џон Бренан ја хакираше еден средношколец, и американските власти ги истражуваат наводите дека тинејџерот влегол во листата на контакти, список на телефонски повици и други документи на првиот човек на разузнавачката агенција, пренесе Танјуг.
Од ЦИА потврдија дека истрагата е во тек, но не прецизираа дали дошло до хакирање на личниот и-мејл налог на Бренан.
– Ние сме свесни за извештаите кои се појавија на социјалните мрежи и го проследивме предметот до надлежните органи, се наведува во соопштението на ЦИА.
Хакерот на социјалните мрежи тврди дека „упаднал“ и во личната електронска пошта на американскиот секретар за внатрешна безбедност Џеј Џонсон