Средношколскиот пленум најави дека во следните денови бојкотот ќе го пресели пред зградата на Министерството за образование и во Паркот на новинарите ќе постави камп каде ќе престојуваат.
– Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе бидеме повикани на средба, бидејќи сме свесни дека со секој изминат училишен час образованието се распаѓа. Во следните неколку денови нашиот бојкот ќе добие нова димензија и од училишните холови ќе се префрли пред Министерството за образование и наука односно во паркот на новинари. Ние тука ќе бидеме присутни 24 часа а со тоа ќе покажеме дека сме спремни во секој момент да дојдеме на средба – рекоа средношколците.