Познат актер родените деца го обвиниле дека сексуално ги злоставувал


Актерот Рики Дермна се нашол на ударот на јавноста откако родените деца против него поднеле лажни тужби дека сексуално ги злоставувал, и дека бил еден од членовите на озлогласениот сатанистички педофилски култ.

– Зборуваа дека јас сум водач на сатанистичкиот култ, дека сум педофил, дека сум убивал бебиња и сум ја пиел нивната крв, секакви гадости – рекол видно потресениот актер.27C65F4A00000578-3047263-image-m-86_1429542008955
Неговата репутација била уништена, а неговата адреса, бројот на телефонот и фотографии биле објавени на интернет, каде бил означен како „сатанист и педофил“.

Набрзо потоа почнал да добива бројни закани по телефон, интернет, пошта, каде му ветиле дека „ќе дојдат по него и ќе го прекинат неговиот болен и педофилски живот“.

Меѓутоа, судијата на окружниот суд во Хампстед обелоденил дека обвиненијата се чисти измислувања и дека нема ниту еден доказ против актерот.
Откриено е дека неговата поранешна сопруга Ела Дрејпер ги натерала нивните деца да изречат гнасни лаги за злоставувањето. Кога судот тоа го открил, распишал потерница по Ела и нејзиниот сегашен партнер Абрахам Кристи, за кој постои сомнение дека и е соучесник во заговорот против актерот Рики Дерман. Меѓутоа, тие ја напуштиле земјата.

Screenshot_110
Судијата навел дека Ела Дрејпер и Абрахам Кристи вршеле „несносен психички притисок и физички ги злоставувале децата додека не ги убедиле лажно да сведочат против својот татко“.

По разговорот со полицијата, децата признале дека мајката и очувот ги тепале и малтретирале, со закани дека ќе им наштетат доколку лажно не го обвинат татка си.

Со токсиколошките анализи е утврдено дека децата биле принудени да консумираат канабис пред лажното сведочење.

За да биде уште полошо, покрај актерот Дерман, на интернет осамнале имињата на уште околу 100 жители на малото место Хампстед во Англија, меѓу кои се и парохот на локалната црква, поедини полицајци и други.

И покрај пресудата и објаснувањето дека сето тоа им се сместено, тие и понатаму секој ден добиваат закани со смрт.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1