Бесен маж го наполнил автомобилот ,,Пежо,, на својата сопруга со коњски измет откако видел дека таа има свој активен профил на сајт за запознавање.
Таму напишала дека е мажена но дека нејзиниот маж е ,,тотален идиот и лудак,, уште и додала дека омилени работи во животот кои и значат се нејзиниот коњ и нејзиниот Пежо кабриолет.
Сопругот чуствувајќи се измамен одлучил да и ги уништи токму овие две работи кои ги сака. Го наполнил кабриолетот со измет од нејзиниот коњ а додека го правел тоа викал на цел глас – Среќен ден на вљубените – среќен Валентајн. Сето тоа го снимил и снимката ја поставил на youtube.
Неговата сопруга – Беки Џонс (37) од Линколншир била шокирана.