49- годишната актерка Сара Џесика Паркер заработува големи пари, но се чини дека токму таа има среќа!
Актерката ги придружувала своите две ќерки до училиште во друштво на дадилката и на улица нашла чек од 4.700 долари.
И додека нам ни е тешко да најдеме 1.000 денари на улица, неа се и оди од рака. Судејќи според фотографиите на папараците, се чини дека и самата актерка е шокирана од пронајденото „богатство“.
Но ќе биде чесна и ќе го врати чекот, кој покрај парите ќе добие и запознавање со славната Кери Бредшоу. Па и не е така лошо, нели?