Мошне голем е бројот на српски естрадни ѕвезди кои имаат и затворско искуство. Иако во текот на престојот во затворската ќелија популарноста нагло им пораснала, повеќето признаваат дека деновите зад решетки исклучително тешко ги поднеле.
Аца Лукас
Фолк пејачот Александар Вуксановиќ, попознат како Аца Лукас, бил уапсен пред шест години во акцијата „Сабја“ и осуден на четири месеци затвор заради неовластено поседување на пиштол.
Цеца Ражнатовиќ
Истата акција „Сабја“ била причина да се упаси и најпознатата балканска естрадна ѕвезда поради поврзаност и контакти со некои лица од белградското подезмје.
Немало докази против неа, па е пуштена но по неколку месеци поминати во притвор. Осудена е за друго дело, непријавување приходи и даноци од продажба на фудбалери на клубот Обилиќ кој, суштински, бил во сопственост на нејзиниот сопруг Аркан, но формално клубот го водела Цеца Ражнатовиќ.
– Се сеќавам дека никогаш не сум видела толку големи лебарки! Условите за живот во таа дупка беа пеколни – рекола Цеца во едно интервју по излегувањето притворот.
Џеј Рамадановски
Популарниот пејач поминал затворски денови заради брзо возење под силно дејство на алкохол. Негова среќа, вели тој, е што делото и казната се извршени во Шведска каде имало хотелски услови з аживот во затворот.
– Поминав шест години во поправен дом, па не ми беше тешко да се адаптирам на робија која во шведските затвори со џакузи и теретани и не е нешто напорно – вели Џеј.
Гога Секулиќ
Медиумите објавиле и дека пејачката Гога Секулиќ е уапсена на хрватската граница, бидејќи возела украдено возило „ауди“. Во полицијата Гога помината 24 часа на испитување.
Здравко Чолиќ
Упасен бил во осумдесеттите, во време на неговата најголема слава, и тоа – во Охрид. Бил фатен на охридскиот аеродром кога кај себе имал големо количество девизи, странски пари, за кои немал доказ дека се негови, или потекнуваат од банкарска сметка.
Бора Чорба
И Бора Чорба, лидерот на популарната група „Рибља чорба“ првпат бил упасен уште како средношколец. Тој поминал седум месеци во истражен затвор бидејќи заедно со неговото друштво обивало богаташки станови и краделе и од така стекнатите пари потоа купувале интрументи за групата.
Ана Николиќ
Пред пред три и пол години поминала една ноќ во полициската станици во Раковица, каде имала конфликт со полицијата. Кога полицијата ја стопирала Ана Николиќ која возела, пејачката одвај гледала и и биле измерени дури 2,03 промили алкохол во нејзината крв. После што со нејзиниот брат била задржана на трезнење. По запирањето Ана физички ги нападнала полицајците, по што е приведена и задржана во притвор. Таа од тоа направила општ хаос.