Фолк-пејачката Мира Шкориќ, која деновиве настапува во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, неодамна откри дека пред неколку години открила дека има рак. Таа успеала да ја победи опасната болест, но дури откако имала четири операции.
„Решив дека нема да зборувам за болеста, ама време е да проговорам за да ја зголемам свеста на луѓето дека треба да одат на редовни прегледи. Јас отидов доцна и вистината е дека ме оперираа четири пати“, изјавила Мира за „Глоси“.
Првите реакции ѝ биле шок и неверување, но решила дека ако ја победи болеста, од корен ќе ги смени животните навики.
„Имав карцином што метастазираше. По првата операција следуваа уште три. Решив болеста да ја скријам од семејството и кога и да требаше да лежам во болница ги лажев дека сум на турнеја. Само сестра ми знаеше што се случува и беше крај мене“, рекла пејачката.
Покрај сестра ѝ, покрај неа била и нејзината кума, пејачката Ана Бекута.
„Не сакаше да ме остави сама ни за миг. Со мене го преживуваше мојот пекол. Покрај неа и Саша Поповиќ, Лепа Брена, Драгана Мирковиќ и Снежана Ѓуришиќ беа со мене во најтешкиот период од мојот живот“, рекла Мира во интервјуто.