Српската „црна вдовица“ осудена на 30 години затвор заведува на Интернет


Наташа Петровиќ, осудена на 30 години затвор за учество во убиството на сопругот, додека чека да појде на отслужување на казната, заведува преку интернет! Таа поставува свои фотографии на социјалните мрежи во провокативни пози, додека нејзиниот соучесник во убиството, исто така осуден на 30 години, се наоѓа во затвор.natasa

Наташа е пуштена од притвор пред година и пол. Во притвор поминала 7 години. Одлуката на Апелациониот суд во јануари годинава, ја дочекала на слобода. Со таа одлука е потврдена пресудата 30 години затвор, која ја донесе Вишиот суд, за поттикнување на убиство. Но, нејзиниот адвокат се пожалил до Врховниот касационен суд, и сеуште се чека конечната одлука – пишува Блиц.

Наташа е осудена дека го ангажирала поранешниот припадник на Полициската бригада, Ненад Барачи, на кој Апелациониот суд за убиство од користољубие му ја потврди казната од 30 години затвор.

Апелациониот суд на Драган Шекуларац, кој му помогнал на Барачи да го сокрие пиштолот по убиството, му ја намали казната од 4 на 3 години затвор.

Наташа и Ненад Петровиќ биле во брак 20 години и имаат две деца. Барачи и Петровиќ биле долгогодишни пријатели, но тоа пријателство се искомплицирало откако Барачи се задолжил кај Петровиќ и требало да му враќа многу пари и за себе и за пријателите кои позајмувале од Петрович, а Барачи гарантирал за нив. Според образложението во пресудата за Барачи, тој на 14 април 2007 отишол кај Петровиќ и по краток разговор со два куршуми го застрелал во главата.

Наташа за ова му платила 5 000 евра, а му ветила уште 15 000 по убиството. Му ветила и дека ќе му ги врати сите пари кои Барачи му ги дал на Петровиќ. Барачи кој морал да го продаде станот поради долговите кон Петровиќ, признал дека го убил школскиот другар, но тврдел дека тоа го сторил не од користољубие туку во афект, кога Петровиќ почнал да се заканува дека ќе ги повреди членовите на неговото семејство. Барачи тврдел дека не е во врска со сопругата на Петровиќ, Наташа.

Denesen.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1