Српската Влада даде гаранции за времено пуштање на слобода на Ратко Младиќ


Српската Влада даде гаранции за привремено пуштање на слобода до изрекување на пресудата на поранешниот воен лидер на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ.

Како што јави Танјуг, српското Министерство за правда испратило гаранции до хашкиот Трибунал за воени злосторства дека Младиќ нема да побегне доколку му биде дозволено да се врати во Србија до изрекувањето на пресудата.

Судењето на Младиќ е завршено и останува да се чека пресудата на Трибуналот. Српскиот генерал е обвинет за геноцид врз Бошњаците во Сребреница, како и за бројни други злосторства против човештвото извршени за време на Војната во Босна и Херцеговина во првата половина на 90-те години на минатиот век.

Трибуналот претходно ги одби гаранциите од Русија која понуди да му обезбеди лекарска помош на Младиќ. Младиќ беше во бегство повеќе од 11 години. Тој беше уапсен во 2011 година во село во северна Србија, каде што се криел во куќата на негови роднини.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1