Српски бизнисмен купил подморница ќе ја рента за венчавки


Бизнисменот Јово Видовиќ од Бања Лука купи руска подморница, која ќе ја лоцира во езерото Балкана, на планината Лисина каде има и хотел и 20 бунгалови. Тој сака да ја збогати понудата па планот е штом ќе пристигне подморницата да ја изнајмува за венчавки под вода.

Подводните свадби во Република Српска ќе бидат на дното на езерото на длабочина од девет метри. На брегот ќе изгради и црква, па по венчавањето под вода со пдоморницата ќе ги одвезе младите до црквата каде и пред бога можат да кажат ,,да,,. Бизнисменот чека благослов од владиката Јефрем за да почне со градење на црквата.

Видовиќ е познат бизнисмен и во Република Српска освен хотелот на езерото Балкана, поседува и десетина фирми во Црна Гора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1