Српски лекар, лечи срце со падобрани – доби награда за имплантот


Др Срѓан Николиќ од Србија го доби принанието Едисон за неговиот имплант “падобран за срце“. Едисон наградата важи за Оскар за индустријата. Овој изум би можел да направи пресвртница во лекувањето на пациенти кои преживеале инфаркт.

lekar padobranДва импланти им се вградени на пациенти минатата недела во Клиничкиот центар на Србија, а уште два пациенти годинава ќе добијат “падобран за срце“.

Еве како за српски “Блиц“ Др Николиќ го објаснува својот изум.

“Падобранот за срце е наменет токму за луѓето кои имале голем инфаркт, особено инфаркт со кој се зафатени врвот на срцето и предниот ѕид на срцевиот мускул. Тие случаи на инфаркт се најтешки, не само поради стапката на смртност туку затоа што кај луѓето кои имале таков инфаркт доаѓа до проширување на срцето и до симптоми на пропуштање на работата на срцевиот мускул. Тоа се манифестира со брзо заморување, а сето тоа поради тоа што срцето веќе не може да ги задоволи потребите на мускулите за крв и кислород.

Болеста е прогресивна и моментно не постои дефинитивен метод на лекување. Се што можеше да се направи е направено, а на располагање им се само лекови. Денес голем број на луѓе се на фармакотерапија, но поради тоа што болеста е прогресивна, мал број луѓе живеат квалитетно. Тоа е проблемот кој се обидуваме да го решиме со ’падобранот за срце’“,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1