Родители ВНИМАНИЕ: Солено и слатки пијалоци се голем ризик за здравјето


Според истражувањето објавено во списанието “Педијатрикс” Децата кои јадат повеќе солена храна и грицки често жедта ја гаснат со сладок пијалок. Ако не се обрне внимание на време, тежината на вашето дете може да излезе од контрола.

hrana0

Научниците анализирале податоци од 4283 деца на возраст меѓу две и 16 години. 24 часа се следени колку дневно внесуваат сол и течност од слатки пијалоци, а исто така беа и снимени податоци за висина, тежина и индекс на телесна маса на децата (БМИ).

Еве што истражувачите откриле:

• 62 проценти од децата кои ги студирале консумирале засладени пијалоци

• Зголемен внес на засладен пијалок беше снимен и кај деца од семејства со понизок социо-економски статус

• Постарите деца пијат повеќе газирани и слатки пијалоци

• Зголемено користење на сол исто така значеше и повисока доза на засладени пијалоци

• Децата кои консумираат повеќе од една чаша сладок пијалок дневно имале 26 отсто поголем ризик од прекумерна телесна тежина или дебелина. Овој ризик е забележан само кај децата кои не се вклучени во било која физичка активност.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1