
Риби кои се побавно растеа имаа околу 30 отсто подолг живот. Тие што растеа побрзо имаа 15 проценти пократок животен век од нормална брзина со која рибата расте.
– Слично е на она што се случува со машините. машината која е направена набрзина многу брзо се расипува .. А машина која е подготвенa внимателно и методично ќе трае многу подолго. истражувањето сугерира дека истото се случува и со органите. Тела кои се развиваат и растат брзо во нив се акумулира поголема количина ткиво и се поштетни отколку оние кои полека растеле.
Резултатите од оваа студија може да се пренесат на други видови, вклучувајќи ги и луѓето, бидејќи начинот на кој органите и ткивата се развиваат, се прилично слични. Познато е дека децата кои се во раните фази на животот се развиваат брзо, подоцна во животот имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести – вели професорот Нил Меткалф на Институтот за биодиверзитет и компаративна медицина на Универзитетот во Глазгов.