Одбележани 106 години од смртта на Даме Груев


Доста е, подобро ужасен крај, отколку ужас без крај! – Даме Груев

8897_398265543585328_963732100_nВо Битола и Смилево се обележа 106 години од смртта на револуционериот апостол Даме Груев .
По тој повод пред споменикот на Даме Груев кој се наоѓа во дворот на НУ Завод и музеј во Битола, цвеќе положија делегацијата од здружението на граѓани Дамјан Груев од Битола и претставници НУ Завод и музеј во Битола. Потоа чествувањето продложи во Смилево каде во присуство на здружението на граѓани Дамјан Груев, општината Демир Хисар и МЗ Смилево беше положено цвеќе пред гробот на Даме Груев, како и на споменикот во близина на музејот посветен на „Смилевскиот конгрес“
Македонскиот револуционер Даме Груев е роден во Смилево на 19 јануари, 1871, основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија, а загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново на 23 декември 1906.

Благојче Андонов

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1