Двајцата се со потекло од Косово и со тоа ги испровоцираа Србите. ФИФА ги казни поради славењето со објаснување дека тоа е политичка провокација. Шаќири објасни дека прославил на тој начин поради војната на Косово и се што неговото семејство трпело од српските власти во минатото.
Српските медиуми се позанимаваа малку со минатото на фудбалерот и открија дека семејството на Шаќири се преселило во Швајцарија не поради војната, туку од други прични.
Дедото на Џердан Шаќири и неколку други лица во 1988 година бил фатен со дрога на грчко-југословенска граница (веројатно на македонската граница). Фудбалерот е роден две години подоцна, но откако голем дел од неговото семејство завршило зад решетки, таткото на Џердан бил приморан да го напушти Косово и да го остави мрачното минато зад себе, пишува порталот „Еспресо“.
Неговото семејство се преселило во Швајцарија во 1991 година, долго пред да почне војната на Косово.
Kurir.mk/espreso.rs