Студентка намерно заразила 324 мажи со ХИВ-вирус


19- годишната студентка од Кабарак, Универзитетот во Накур во Кенија, заболела од ХИВ при незаштитен однос па одлучила да им се одмазди и оваа ужасна болест да им ја пренесе преку секуален пат на 2.000 мажи.

Студентка од Кенија vo 2014 открила дека со ХИВ вирус инфицирала 324 мажи со кои имала секс. Таа се заразила од непознато момче,  и сакала да инфицира 2.000 луѓе за да му се одмазди на машкиот род. 

Неименувата студентка својата приказна ја раскажала за Фејсбук страницата “Kenyan Scandals”, а во шокантната изјава признала дека до сега со ХИВ заразила 324 мажи, од кои 156 биле нејзини колеги, додека останатите биле познати личности, адвокати, оженети мажи и политичари.

“Ништо нема да ме спречи да ја завршам својата мисија”, наведува студентката која одлучила да ја сподели својата приказна откако во Фејбук групата и’ ветиле дека нејзиниот идентитет ќе остане неоткриен. Сепак, за да ги заштити граѓаните кенискиот Daily Post објавил нејзина фотографија заедно со Фејсбук профилот и со статија за оваа приказна, и дојавил на полицијата.

Според нејзината приказна во септември 2013 година, излегла со пријателката во некој клуб и се напила. Следното утро се разбудила покрај маж со кој имала сексуални односи. Таа била толку пијана, што не се сеќава. Нејзиниот свет се срушил кога направила тест и открила дека има ХИВ. Кога му кажала на момчето дека ја заразило, тоа одговорило дека можеби го добила вирусот од некој друг. Девојката потоа паднала во депресија и почнала да пие. Помислила и на самоубиство.

Набрзо потоа почнала да размислува дека некој мора да плати затоа што заразила од смртоносна болест. Знаела дека е многу привлечна и дека нема да има проблеми било кој маж да го однесе во кревет. Сега не крие дека целта и е да зарази што повеќе мажи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1