Српскиот монструм: “Признавам, зедов мотика и ја убив Ивана, премногу викаше“


Дарко Костиќ (39) откако ја силувал и ја убил Ивана Подрашчиќ се фотографирал и на социјалните мрежи се допишувал со пријателите како да е сосема обичен ден и се’ е најнормално, а не како штотуку да извршил монстроузен злочин.

Серискиот убиец за кого зборува цела Србија, Дарко Костиќ и’ признал на полицијата дека ја силувал и ја убил 14-годишната Ивана Подрашчиќ од Батајница која исчезнала пред повеќе од 2 месеци, пренесува Telegraf.rs.ivana33

“Ја убив Ивана, признавам! Ја силував, а таа викаше и се бореше. Плачеше и се обидуваше да се ослободи. Тоа страшно ме изнервира па започнав да ја удирам и да ја давам, но не престануваше… Затоа земав мотика и ја убив! Потоа ја замотав во ќебе и ја закопав во дворот”, до детали, според извор на истрагата, Дарко Костиќ го опишал злочинот пред детективите.

Помеѓу останатото кажал и дека Ивана ја запознал преку неговата тогашна девојка, за која додал дека е ментално ретардирана, како и дека Ивана ненасилно ја довел во Раковца.

“Немаше шанси да се одбрани”, изјавил монструмот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1