Исповед: Киднапирана на пазар, врзана со јаже и силувана – Врескај колку сакаш никој нема да те чуе


Кристина Ковачевиќ (22) е девојката која го пријавила Дарко Костиќ во полиција, по што било пронајдено и телото на Ивана Подрашчиќ. Кристина трвди дека Костиќ и неа ја киднапирал од пазарот Видиковац и цели два часа се изживувал со неа во истата куќа каде полицијата го пронајде безживотното тело на Ивана.

Кристина за српски Курир изјавила дека Костиќ е чичко на нејзиниот невенчан сопруг и дека на пазарот го видела втор пат во својот живот.

-Стоеше покрај мојата тезга и продаваше некои поволни работи. Ме поздрави, но потоа веќе не разговаравме. Тој очиледно чекаше јас да завршам со работа, па да почне да ме следи. Околу 8:30 заминав за дома, а тогаш на автобуската станица Дарко ми стави нож под ребрата! Раката ја имаше покриено со јакна и ми се закануваше дека ќе ме убие ако проговорам, објаснила Кристина, сеуште видно потресена, пишува Курир.рс.kristina22

Таа од тука била принудена со градски превоз да замине со него до Петлово брдо. Како што објаснила таа, од самиот момент кога влегле во куќата тој почнал да се изживува со неа.

-Ми ги заврза рацете и ми стави нож под грло. Од мене бараше да го задоволувал орално. Во еден момент кога вриснав ми рече: Можеш да врескаш колку што сакаш, овде нема никој да те слушне. Ти кажав да воздивнуваш, а не да врескаш! Потоа ми ги рашири нозете и така ми ги врза со јаже а потоа ме силуваше! Цело време ми се закануваше дека ќе оди по мојата ќерка, која има само шест ипол години дека ќе ја довдеде и неа тука и дека ќе се изживува со неа пред да ме убие, раскажува таа.

Дарко околу 11 часот со јаже ја затворил вратата а со истото јаже и ги врзал рацете. ( Како на сликата подоле…)kristina1

-Ми стави крпа во уста и ја залеши со селотејп.  Ми рече дека ќе ме пушти за 45 минути и потоа си замина. Имав среќа што јажето беше труло па успеав да го искинам и да побегнам, сведочи Кристина.

Во меѓувреме, Драко заминал во нејзината куќа и ја прашал мајката на Кристина каде е нејзината ќерка.

-Мајка ми рекла дека уште не сум вратена од пазар, а тој демек зачуден и рекол: Како е можно уште да ја нема? На тој начин сакал да си направи алиби. Претпоставуивам дека потоа би се вратил назад и би ме убил, додала Кристина.

Откако побегнала од куќата таа веднаш заминала во полиција и го пријавила силувањето.ubiec ivana

-Знам дека сега е во затвор, но безразлика на се, јас сеуште се плашам дека ќе дојде по мене и по моите три малолетни деца. Од страв не можам навечер да спијам, постојано сонувам како ми се појавува на прозорот, тврди несреќната жена.

СИЛУВАЛ УШТЕ ЕДНА СНАА:

Кристина тврди дека уште една снаа на Костич била неова жртва.

-Ми кажа дека Дарко ја силувал пред 14 години. Таа не го пријавила бидејќи се плашела за својот живот, но дојде да ме поддржи и ми рече: Ако поради мене не беше ни ден во затвор, нека труне таму сега поради тебе, објаснила Криситна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1