Српскиот поп во Грција требало да врши богослужби – кај Гевгелија му загина цело семејство


Во тешката несреќа која утрово се случи кај Гевгелија починаа сопругата и двете деца на старешината на Храмот Свети Сава, Радивоје Паниќ, кој е тешко повреден, објави српски Блиц.radivoje-panic

Семејството Паниќ околу полноќ тргнало кон Грција каде Радивоје наредните 20 дена требало да држи богослужби.

И Блиц јави дека на лице место починала неговата сопруга, Тијана П. (45), а децата, 18-годишниот син (Н.П.) и десетгодишната ќерка, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите.

Свештеникот поради тешките повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, но од таму за Блиц не дале детали за неговата здравствена состојба.

 

ТРАГЕДИЈА: Две деца и нивната мајка загинаа пред Гевгелија

Во сообраќајката кај Гевгелија загинаа жената и децата на српски поп – тој е пренесен на Ургентен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1