Струмица во пламен – Изгоре склад за стари материјали


Огнена стихија избувна попладнево во склад за стари материјали и железо, на транзитниот пат во Струмица, пишува Нова Македонија.

Од огнот, зафатена е поголема површина од складот, при што горат неколку стари автомобили, гуми и други материјали, кои тешко се гасат. Екипи на Противпожарната единица од Струмица, се уште се на терен и се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

Foto - Нова Македонија.

Foto – Нова Македонија.

Според, вработените од Противпожарната единица во Струмица, во телефонски разговор, ни рекоа дека пожарот трае веќе два часа и се уште се интервенира за да не се прошири. Пожарот избувнал во 16 часот и 15 минути, а по дојава на сопствениците на складот, екипите на противпожарната единица веднаш се упатиле на местото на пожарот. Досега, интервенирано е со три противпожарни возила и околу 16 пожарникари.

– Заради поголемат запаливост на материјалите, сеуште се гасат одредени делови – велат од пожарната единица.

Причините за пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1