Сообраќајка кај Демир Хисар, повредено дете


Попладнево околу 18 часот на магистралниот пат Битола – Кичево кај Демирхисарското село Желензец се судриле автобус кој сообраќал на линија Битола-Кичево и еден автомобил со битолски регистарски таблички, објави ТВ Орбис

soobrakajkaa-500

Првичните информации од терен говорат дека повредени се двете лица кои се наоѓале во автомобилот од кои едното е малолетно дете. Со возило на Итната медицинска помош од Демир Хисар тие се префрлени и хоспитализирани во Клиничкиот центар во Битола.

Од автобусот нема повредено патници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1