Во сообраќајката кај Гевгелија загинаа жената и децата на српски поп – тој е пренесен на Ургентен


Tешка сообраќајка кај Гевгелија на пат кон Грција, се случила утринава. Во несреќата животот го загубија мајка и две деца од Србија.

Утрово околу 7 часот на автопатот Демир Капија – Гевгелија случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „рено-меган“ со српски национални ознаки откако претходно удрило во заден дел од возило „фијат добло“ со гевгелиски регистерски ознаки излетало од патот и удрило во метален столб.srpski pop

Жртвите сопруга и деца на старешина на српскиот храм „Свети Сава“

Во тешката несреќа која утрово се случи кај Гевгелија починаа сопругата и двете деца на старешината на Храмот Свети Сава, Радивоје Паниќ, кој е тешко повреден. На лице место починала неговата сопруга, Тијана П. (45). Децата, момче на возраст од 18 години (Н.П.) и девојче на возраст од 10 години, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите.

Свештеникот поради тешките повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Од Клинички центар велат дека Паниќ неодамна е примен и дека будно се надгледува неговата состојба.

Од полицијата информираат дека во другото возило нема повредени патници.

На местото на настанот излегол јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. Ивршен е увид и се работи на целосно расчистување на несреќата.

 

Српскиот поп во Грција требало да врши богослужби – кај Гевгелија му загина цело семејство

ТРАГЕДИЈА: Две деца и нивната мајка загинаа пред Гевгелија

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1