Српското МНР предупредува: Не одете кон Гевгелија и не примајте мигранти во автомобил


Министерството за надворешни работи на Србија денеска им препорача на српските државјани да не го користат граничниот железнички премин Гевгелија – Игомени, каде што моментално се наоѓаат неколку илјади бегалци од Блискиот Исток.

predupreduvanjeeeСрпското МНР воедно ги предупредува оние кои патуваат во Македонија да бидат внимателни и да не примаат патници-автостопери во своите возила бидејќи, според македонскиот Кривичен законик, тоа се смета за криумчарење мигранти, за што е предвидена повеќегодишна затворска казна.

Се потсетува дека македонската Влада поради новиот наплив на мигранти од Блискиот Исток вчера прогласи кризна состојба на јужната и на северната гранична линија. Оваа одлука не влијае на промена на сообраќајниот режим на главните пати правци во Македонија и на граничните премини, освен што е забележливо засилено присуство на војската и полицијата. Не е евидентиран ниту зголемен број обраќања на српски државјани до дипломатско-конзуларните претставништва за совет или помош. За сите евентуални информации и за евентуална помош, МНР на Србија упатува на Српската амбасада во Скопје и на Генералниот конзулат во Солун.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1