Срцепарателно: Тинејџерка немала да се качи во авионот да не бил добриот гест на овие луѓе


Една германска тинејџерка била една од шеснаесетте загинати ученици во падот на Airbus A320, а сплетот на околности кој претходел на нејзиното качување на кобниот лет бил неверојатен. Тинејџерката за малку ќе го пропуштела летот на компанијата Germanwings од Барселона до Дизелдорф, но благодарение на трогателниот гест на семејството во кое била на размена, успеала да стигне, пишува британски Mirror.german wings avion
Неименуваната германска тинејџерка го заборавила својот пасош во собата на семејството каде што престојувала претходните девет дена, но тоа го сфатила дури кога стигнала на железничката станица од каде што требала да појде на аеродром со воз. Девојката не сакала да го задржува остатокот од групата, а благодарение на внимателното семејство домаќини кои се понудиле да ја одведат на аеродром, таа не го пропуштила летот – кој за несреќа подоцна се покажа како кобен и нивниот прекрасен гест девојката го платила со живот.

„Една Германка ја оставила торбата со документи во домот на семејството каде што била на размена. Не сакала да ја задржува групата, па семејството одвоено ја одвело на аеродром за што побрзо да се качи на авионот“, открил изворот. Студентите на размена, кои сите имале 15 или 16 години биле измеѓу 150-те патници кои загинаа во авионската несреќа во француските Алпи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1