Сталоне е роден со голема мана – животната приказна не му е нималку розова


Силвестер Сталоне што се морал да преживее, само за денес да биде она што е, односно да го оствари својот сон

Огромен е бројот на луѓето кои што речиси напамет ги знаат сите епизоди од култниот серијал “Rocky”, особено оној првиот дел, кој во 1976 година го освои светот, добивајќи дури три Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм.

staloneПриказната започнува во 1946 година. Мајкл Силвестер Гарденцио Сталоне, дете од Њујорк, син на емигрант со италијанско потекло е роден со голема мана – парализа на долниот дел од вилицата, што на почетокот од неговите фантазии за тоа да стане актер, било и голема препрека за секој кастинг.

– Проблемите со фацијалната експресија повлекувале со себе уште еден хендикеп – Силвестер имал и говорна мана, која особено им пречела на комисиите на бројните кастинзи и аудиции на кои што тој упорно се пријавувал.

Сепак, тој немал намера да се откаже, а подоцна се уверивме дека всушност Силвестер создаде култ од својот наследен хендикеп.

– Додека бил “откачуван”, Силвестер останал без парични средства, па своевремено цели три недели живеел како бездомник, спиејќи на автобуска станица во Њујорк, повремено морал и да проси за да јаде.

Нештата за овој актер станувале се полоши и полоши, па во еден момент Сталоне бил приморан да го продаде своето куче, единствениот пријател и долгогодишниот сопатник во лутањето по њујоршките улици. Неименуван човек тогаш му понудил 25 долари за неговиот другар, а Сталоне бил приморан да ги прифати парите.

stalone

– Овој момент актерот го посочува како дното на својот живот, а додава и дека повремено морал да снима и порно филмови, само за да преживее. Сепак, тој вели дека во тој момент се случил и пресвртот во неговиот живот!

– Со тие 25 долари во својот џеб, Сталоне добил “гаранција” дека ќе преживее уште неколку недели и еден ден, додека го гледал мечот на славниот Мохамед Али, ја добил идејата да напише сценарио за филм. Се затворил во шупа и таму останал во текот на следните три дена.

Аматерското, неуко, но искреното и генијално сценарио за филмот “Rocky” било создадено за само три дена. Набрзо Сталоне успеал да го пронајде првиот продуцент кој бил подготвен да соработува со него.

Силвестер добил понуда од огромни 125.000 долари за сценариото, затоа што неименуваниот филмски волк очигледно “го намирисал успехот и парите”. Но иако бездомник, без “скршена пара”, Сталоне ја одбил оваа понуда под услов тој да го толкува ликот на Роки.

актерот бил одлучен: “Ова сценарио може да се купи само со мене, во главната улога”. Две недели подоцна, тој повторно се сретнал со истиот продуцент, кој сега ја зголемил понудата на 325.000 долари, меѓутоа и понатаму одбивал Сталоне да се појави во филмот, па тој повторно рекол: “Не”.

stalone kuce– По долгите преговори, двете страни конечно успеале да се договорат, па Сталоне се согласил да го продаде сценариото за само 35.000 долари, меѓутоа успеал да се избори за својата првична цел и ја добил главната улога во филмот.

Со тие 35.000 долари во џеб, Силвестер веднаш заминал да го пронајде странецот на кој му го продал своето куче и истото повторно го купил за 15.000 долари! Ова куче подоцна ќе се појави во филмот “Rocky” и тоа во повеќе сцени, а најпозната е онаа во која двајцата ги освојуваат скалите пред Музејот на уметности во Филаделфија.

На ова место денес се издигнува биста на Роки, а скалите се наречени “Скалите на Роки”.

Сето останато е историја…

Филмот заработи неверојатни 200 милиони долари, а Сталоне, од бездомник се претвори во милионер и светски познат лик со кој сите подоцна сакаа да соработуваат, а оние на кои им успеа тоа, секогаш и се збогатуваа.

Неверојатниот актер успеа во сето тоа само затоа што во ниту еден момент не се откажал од својот сон.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1