Дисциплината е клучот кој ќе ве доведе до успехот. Дисциплиниран човек е оној кој знае да се откаже од краткорочните задоволства со цел остварување на долгорочни цели. Дисциплината бара стекнување на секојдневни навики и цврсто придржување до нив.
Еден млад човек кој на 24 години станал милионер ги открива токму неговите секојдневни навики.
1. Учење
Никогаш не дозволувајте да помине ниту еден ден без да научите нешто ново. Тоа може да го направите во најразлични форми: читајќи книги, гледајќи видеа, зборување со луѓе, истражување… Книгите нека станат вашиот најдобар пријател на кој ќе му посветувате барем половина час секој ден.
2. Поставување цели
Поставете цели за секој ден, секој месец, секоја година. За кратко време ќе забележите дека остварувањето на секојдневните едноставни цели ќе ве мотивира да работите повеќе и да остварувате сè поголеми и поголеми цели.
3. Планирање
Можете да поставите без број цели, но потребен ви е план како истите да ги остварите. Планот всушност е она кое ве води кој остварување на целта. Затоа за секоја цел испланирајте колку време ви е потребно, што ви е потребно, начинот на кој ќе го направите тоа…
4. Одржување контакти
Времето во кое живееме ни нуди одлични можности за остварување контакт со луѓето. Не чекајте постојано некој да ви се јави или да ви пише мејл. Бидете вие оној кој ќе го направи тоа. Имајте на ум дека одржувањето на контактите е клучен сегмент за постигнување успех.
5. Водење дневник
Секој од нас има потреба од време кое ќе си го посвети на себеси. Тоа е време кое го поминувате во размислување, а идеите и мислите најдобро се анализираат кога ќе ги ставите на хартија. Водете дневник во кој ќе ги запишувате важните настани, вредните моменти но и интересните работи како шеги, нови идеи кои изгледаат неизводливо, успеси, неуспеси…
6. Вежбање
За да бидете успешни во животот морате да го одржувате телото здраво. Секојдневните предизвици кои мозокот му ги приредува на телото навистина го истоштуваат, а најдобар начин за акумулирање позитивна енергија е вежбањето.
7. Релаксација
Само моќните луѓе знаат како да се одморат. Само тие се свесни дека одморот е клучот за нивната моќ. Заморот и стресот водат кон губење на концентрацијата и контролата, што понатаму води кон донесување погрешни одлуки.
8. Пофалба за себе
Секој ден имаме момент кога зборуваме со самите себе. Во просек се вели дека секој човек зборува сам со себе барем 12.000 пати дневно. Она по што се разликуваат успешните од неуспешните луѓе е начинот на кој зборуваат со себе. Успешните луѓе знаат да се пофалат самите себе за работите кои ги направиле, а неуспешните секогаш се незадоволни од себеси.
9. Станување мајстор на сопствениот занает
Секој ден мора да работите на вашиот занает. Секој од нас поседува талент кој треба секојдневно да се развива. Ако не работите на него, ќе го изгубите. Усовршувањето бара огромна посветеност и време, но ако сакате да станете најдобар во тоа што го правите, морате да работите на себе.
10. Организирање
Успешните луѓе знаат да ги организираат вистинските врски во нивните животи. Тоа значи дека нивните најблиски луѓе се они кои ги хранат ментално, духовно и емоционално. Можеби она што го гледате вие е соло изведувач, но имајте на ум дека секогаш зад сцената стои огромна екипа која иако вие не ја гледате има огромно влијание врз крајниот резултат.