Состојки:
- 100 мл. млеко
- 2 лажици конзервирана или свежо печена тиква
- 2 лажици шеќер (по вкус)
- 2 лажици екстракт од ванила
- 2 лажички сируп од тиква (по вкус)
- 1\4 чаша еспресо или веќе направено инстант кафе
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги млекото, тиквата и шеќерот и ставете ги на средна температура неколку минути. Откако смесата ќе се соедини, додадете го екстрактот од ванила и сирупот од тиква и измешајте во блендер.Млекото кое го изблендиравте заедно со тиквата, истурете го во ниска стаклена чаша или интересна шолја. На врвот додадете го претходно приготвеното кафе и декорирајте со пена и цимет.
На здравје!
HitKujna.mk