Старец нуди милион долари на секој кој ќе докаже дека има натприродна моќ


Прочуениот американски магионичар Џејмс Ренди (86), веќе неколку децении води немилосрдна војна против сите оние кои што со помош на трикови и измами се обидуваат да ја убедат јавноста дека располагаат со паранормални и натприродни моќи.

Џејмс ѝ нуди дури милион долари на било која личност која што може да докаже дека поседува паранормална активност.dzejms-rendidsacdsc-13814

– Сакате милион долари? Ќе ви дадам милион долари, им порачува Џејмс на сите видовити луѓе, исцелители и сите останати кои што заработуваат пари правејќи таканаречени паранормални активности, измамувајќи ги на тој начин лесноврениците.

Ренди овој предизвик за прв пат го објавил во 1964-тата година, а тогаш наградата изнесувала само 1.000 долари. Од 1964-тата до 1982-рата година, според неговите наведувања, овој предизвик го прифатиле 650 лица, но ниту една не го поминала ниту преелиминарниот тест.

Оние кои што мислат дека сето ова е само измама, Ренди ги уверува дека парите се подготвени на посебна сметка.

– Нема смисла само некои да се наречат измамници. Сите тие се измамници, одлучен е магионичарот, чиј што животен предизвик е да ги спасува лесноверните луѓе од измамниците.

Неговиот животен пат е опишан во документарниот филм “Искрен лажго”, кој што овој месец ќе започне да се прикажува во кино салите во САД.

Притоа, тој додава дека единствената разлика помеѓу магионичарот и сите оние кои што се занимаваат со паранормални активности се состои во тоа што магионичарите не тврдат дека нивната дејност е нешто натприродно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1