Саид Амети (88) од Сингелиќ починал како резултат на тешка инфекција на белите дробови со која се здобил по невремето што го зафати Скопско на 6-ти август.
Неговиот син за Алсат раскажува дека тагата во куќата е огромна, додека примаат сочуство за поплавата која им го уништила домот, се соочиле со уште поголема трагедија по смртта на старецот.
Инаку по едно дете се уште се трага иако поминаа скоро две недели од поплавите, а три лица починаа од срцеви удари, не можејќи да се справат со болката и загубата.