Стари верувања: Ако се омажите во јануари ќе бидете заљубени, а во септември ќе бидете богати


Сите народи имаат различни верувања кои се пренесуваат со генерации, а на Балканот останале неколку дамнешни верувања кога се работи за месецот во кој се одржува венчавката.

На овие простори некогаш се верувало дека секој месец има свое значење и според него се одредува успехот на бракот.

svadba445Јануари – Стапи во брак додека годината е нова – тој ќе биде заљубен, добар и искрен.

Февруари – Кога февруарските птици спијат, не се венчавај, туку плаши се од својата судбина.

Март – Ако се омажиш во периодот кога дува мартовски ветер, ќе имаш и уживање и солзи.

Април – Ако сте во можност, венчајте се во април, тоа е идеално уживање и за него и за неа.

Мај – Секоја свадба која се одржала во месец мај била несовршена.

Јуни – Ако се омажиш во период кога растат јунските рози, ќе мора да обиколиш и копно и море заради партнерот.

Јули – Оние кои ќе се венчаат во јули ќе мора да работат само за да се прехранат.

Август – Оние кои се венчани во август ќе поминат низ големи промени во текот на животот.

Септември – Склучувањето на брак во црква во овој месец ќе ви донесе богат и добар живот.

Октомври – Ако се омажиш или ожениш во овој месец, љубовта ќе расте, но богатството ќе се намалува.

Ноември – Ако се венчате во темниот ноември, можеби ќе треба време, но уживањето ќе дојде.

Декември – Кога ќе падне првиот снег, омажи се и заколни се на искрена љубов која ќе трае.

Crnobelo.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1