Старт на новата болница – Прва операција во новата болница „Филип Втори“


Академик д-р Жан Митрев со својот тим на 11.04.2016 ќе ја направи првата кардиоваскуларна операција во новата болница „Филип Втори“ . Сите досегашни услуги кои се нудеа во изминативе 16 години пациентите ќе имаат можност да ги добијат и во новата болница.

filip bolnica
На оваа прес конференција ќе биде потпишан и договор помеѓу Хрватскиот авионски оператор „Аир – Панонија“ (http://www.air-pannonia.hr/) кој врши медицински транспорт на пациенти низ светот. Во своја сопственост оваа компанија поседува 11 авиони. Со овој чекор Специјалната болница „Филип Втори“ ќе овозможи на пациентите во еден ден транспорт, дијагноза, оперативен зафат. Со ова болницата отвора и нова страница во развојот на македонскиот медицински туризам.
На потпишување на овој договор ќе биде присутен и Проф. д-р спец Драган Приморац, педијатар генетичар – форензичар , претседател на Управниот одбор на Специјалната болница „Св. Катарина“ (http://www.svkatarina.hr/) од Хрватска .
Академик д-р Жан Митрев ќе ја најави и соработката помеѓу двете реномирани здравствени установи. Тоа значи извоз на македонското медицинско знаење во земјите на ЕУ и уште еден чекор во развојот на медицинскиот туризам .

Почесен гостин на оваа прес конферен ција ќе биде нејзината Екселенција г-ѓа Данијела Баришиќ, амбасадорка на Р.Хрватска во Р. Македонија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1