Ставајте бензин до полноќ – поскапуваат горивата за 3 денари


benzin

Горивата од вечерва на полноќ поскапуваат за 2.5, односно три денари за литар објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За 2.5 денари ќе поскапи Еуросуперот – 95 и ќе се продава по цена од 81 денари за литар, додека за три денари поскапуваат Еуросуперот – 98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Новата цена на Еуросуперот-98 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуродизелот 70 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 59 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг, на 41,883 ден/кг.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1