Ставивте погрешно гориво во автомобилот? Еве што да направите…


Грешка на вработениот на бензиската пумпа или ваше невнимание – во автомобилот се нашло погрешен вид на гориво. Што сега?

Доколку проблемот го воочивтена самата пумпа и во меѓувреме не сте го стартувале автомобилот, доволно ќе биде само да го испимпате постојаното гориво и да го измиете резервоарот. После тоа автомобилот ќе можете нормално да го користите.
man_with_oil_pumpМеѓутоа, ако ви се случи да гостартувате моторот, или да поминете одредена километража, би можеле да имате сериозен проблем.
Најлошата ситуација е кога нема да ја забележите грешката, па после долго возење ќе ви се изгаси моторот.

Тогаш, кај новите автомобилни, можете со сигурност да сметате на трошоци за сервис од преку 1.000 евра.
Имено, во тешки ситуации доаѓа до оштетување на системот за довод на гориво, филтерот и пумпата за гориво. Кварот се разликува во зависнот од тоа кое гориво сте го ставиле.

Бензин наместо дизел
Оваа грешка може да има сериозни последици за комон рејл дизел моторите, затоа што дури и мали количини на бензин можат да го измие тенкиот филм кој ја подмачкува пумпата за вбризгување на бензин. Ова се однесува на современите комон рејл дизели, додека оние постарите конструкции значајно се толерантни кон бензинот.

Дизел наместо бензин
Дури и смеса од само 5% дизел може да нанесе скапа штета на моторот и катализаторот доколку автомобилот подого се вози. Тогаш и моторот ќе почне да работи нерамномерно и да трокира.

Бензин со пониска октанска вредност
За модерните автомобили ова не е пролем. Тие имаат сензор кој одговара и на основа на кој се одредува октанската вредност на горивото. Постарите автомобили би требало да се возат умерено и никако со полна гас додека резервоарот не се потроши или не се испразни.

Бензин со повеќе октанска вредност
Овде навистина не може да дојде до грешка. Поголемата октанска вредност нема да му наштети на моторот. Напротив, во поголемиот број на случаите може да доведе до намалување на потрошувачката и благ пораст на перформансите.

Што да направите?
Значи, ако не сте го старувал моторот, нема да има проблеми. Побарајте помош на бензиската станица, вработените на поголемиот број бензиски пумпи имаат искуство со ставање на погрешно гориво, а некои од нив дури и се опремени за такви случаи. Со елекстрична пумпа се испразнува системот за напојување со гориво и резервоарот, а потоа можете да ставите исправно гориво и да го продолжите патот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1