Сте добиле казна, а не ви стигнала – еве за колку време застаруваат сообраќајните прекршоци?


Кога овластениот орган за поведување на прекршочна постапка ќе констатира прекршок составува записник во кој ги забележува битните елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, времето, местото и начинот на сторувањето на прекршокот, описот на дејствието и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластено службено лице и сторителот.

policija 44Кога службеното лице  ќе утврди дека е сторен прекршок, на сторителот на  прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глоба, во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.

Ако сторителот доброволно не ја плати глобата, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд, односно прекршочен орган.  Доколку сторителот го признае делото што му се става на товар или ако овластеното службено лице прекршокот го утврди лично или го утврди со употреба на соодветни технички средства и направи, службеното лице веднаш ќе издаде платен налог.

Платен налог

Ако сторителот го признае делото што му се става на товар или ако овластеното службено лице прекршокот го утврди лично или го утврди со употреба на соодветни технички средства и направи, службеното лице веднаш ќе издаде платен налог. Се смета дека сторителот на прекршокот со потписот на приемот на платниот налог се согласува да ја плати глобата. Сторителот е должен да ја плати глобата  во рок од осум дена од приемот на платниот налог на сметката на органот означен во платниот налог. Доколку сторителот кој ќе ја плати глобата во тој рок, ќе плати само половина од изречената глоба и нема да плати трошоци за постапката.

alkotestАко сторителот на прекршокот не ја плати  глобата во дадениот рок, службеното лице ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка до надлежниот суд.

Застарување

Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако поминат три години од денот кога е сторен прекршокот. Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот. Ова се однесува за поведувањето на прекршочната постапка за изрекување прекршочна санкција. Застареноста за изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот помине една година.

Застарувањето на извршување на прекршочната санкција започнува да тече од денот кога одлуката за прекршокот станала правосилна.

Застареност на прекршочната санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето (објективен рок).

Целата информација на  –ПРАВДИКО–

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1