Во Македонија сѐ уште има околу 400.000 парцели (градежно и земјоделско земјиште, дворови, шуми, пасишта и друг вид недвижности) чија сопственост не е регулирана во Агенцијата за катастар на недвижности.
Досега, од вкупниот број парцели, во 90 отсто сопствениците го пријавиле својот имот и добиле имотен лист за земјиштето, додека 10 отсто од граѓаните односно компаниите не го пријавиле својот имот и сега тој се води во посебен пописен лист со незапишани права.
Во случаи каде што нема оставинска постапка и доколку никој не се јавува да бара сопственост, вообичаено имотот завршува во рацете на државата.
– Доколку сопственикот на одреден имот починал и зад себе нема оставинска постапка, државата по институционален пат бара да се јават евентуални наследници. Ако по извесен период тие не се јават, тогаш извесно е дека имотот преминува во државна сопственост.